Јусуф Мејдан (34) и неговата деветгодишна ќерка Екрин беа меѓу шесте лица загинати во експлозија на улицата Истиклал во Истанбул во неделата.
Јусуф Мејдан со семејството од Адана дошол во Истанбул за да присуствува на веридбата на неговиот брат. Тој починал со ќерката, а сопругата Мевлудије преживеала. Неговата сопруга била пуштена од болница откако и била укажана помош од повредите здобиени во нападот.
Уште осумдесет лица се ранети. Свршувачката која требаше да биде среќен момент за ова семејство, се претвори во трагедија. Пред нивната куќа во населбата Гулпинар во централниот кварт Сејхан во Адана беше поставен шатор за сочувство. Семејството одеше по улица во Истанбул непосредно пред нивниот лет за дома.
Нивниот братучед Талип Унал за АА изјави дека Мевлудије и Јусуф имаат и петгодишна ќерка Дерин, која ја оставиле кај роднините во Адана.
– Сакаа да се вратат во недела откако присуствуваа на веридбата, која беше на 12 ноември. Тие сакаа да го посетат плоштадот Таксим пред да се вратат, истакнал Унал.
Тој рече дека „тероризмот е проклетство“.
– Господ никому да не предизвикува таква болка. Со Јусуф детството го поминавме заедно, тој ми беше брат, изјави Унал. Полицијата доцна синоќа во истанбулскиот кварт Кучукчекмеџе го уапсила 23-годишниот Ахлам Албашир, државјанин на Сирија. Терористката одговорна за нападот во Истанбул призна дека ја обучувала терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ за разузнавање и дека илегално влегла во Турција од Африн, Сирија.
По терористичкиот напад, полицијата во Истанбул уапси 46 осомничени во операции на 21 локација, откако прегледа снимки од 1.200 надзорни камери. Полициската управа во Истанбул преку лабораториски наоди утврдила дека во терористичкиот напад бил употребен експлозив ТНТ. Во вчерашната експлозија на улицата Истиклал во Истанбул загинаа шест, а повредени се 81 лице. Педесет повредени се пуштени од болници, додека петмина се на одделенија за интензивна нега.









