Турските медиуми јавуваат дека стануав збор за ќерка и сопруга на познатиот турски актер Нуретин Учар, попознат како Дирилис од турската серија „Ертугрул“.

Меѓу шесте жртви во вчерашниот терористички напад на Таксим се и 15-годишната Јагмур Учар и нејзината мајка Арзу Озсој (38). Турските медиуми јавуваат дека таа е ќерка и поранешна сопруга на познатиот турски актер Нуретин Учар, попознат преку серијата „Дирилис Ертугрул“.

Учар на својот Фејсбук профил сподели фотографија од својата ќерка и напиша: „Мојата ќерка Јагмур, која го загуби животот во предавничкиот напад на Таксим, беше во Големата џамија Шириневлер, по попладневната молитва со нејзината мајка“.