Младиот брачен пар, Адем и Мукадес Елиф Топкара, се меѓу шесте лица загинати во експлозија на улицата Истиклал во Истанбул во неделата.
Таткото на Адем, Мустафа Топкара изјави дека дошле на Таксим да ја посетат нивната тетка. Ги оставија децата кај неа и излегоа на прошетка.
Потоа дошло до експлозија која била кобна за нив. Имаа 40 и 37 години. Турското знаме беше закачено на семејниот стан во населбата Сариер Ајазага, каде што живееја Адем и Мукадес Елиф Топкара.

Телата на брачната двојка биле донесени пред куќата, а потоа во локалната џамија, каде што била извршена погребната молитва (џеназе)
Мустафа Топкара за АА изјави дека зад себе оставиле две малолетни деца – седуммесечното момче Јагиз и 2,5 годишното девојче Елиз. Тој рече дека отишле кај нивната тетка во Таксим, пишува АА.












