ИСТАНБУЛ (АА) – По вчерашната експлозија во Истанбул, во која загинаа најмалку шест лица, објавена е видео снимка од приведувањето на едно лице осомничено дека поставило бомба на улицата Истиклал, јавува Anadolu Agency (AA).

Тимовите на полицијата во Истанбул веднаш по експлозијата започнаа да трагаат по осомничените, а врз основа на снимките од безбедносните камери успеаја да го утврдат изгледот на осомниченото лице.

Со истрагата е утврдена и рутата на движење, а припадниците на полицијата од одделот за борба против тероризмот доцна синоќа ја пронашле жената осомничена во куќа во квартот Кучукчекмеџе во Истанбул, каде што се криела.

Утврдено е дека осомничената А.А.(23) е сириски државјанин и дека на територијата на Туркије влегла преку сирискиот град Африн.

Сторителката на смртоносниот терористички напад на познатата улица за пешачење Истиклал во Истанбул ја зела наредбата од терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, соопштија денес турските власти, јавува Агенција Анадолија (АА).

На видео снимиките од приведувањео, кои ги објави турската полиција, може да се видат моментите на упадот на полицијата во куќата и приведувањето на осомничената.

„Нашата проценка е дека наредбата за смртоносниот терористички напад е од Ајн ал Араб во северна Сирија, каде што ПКК/ЈПГ има сириски штаб“, изјави претходно денеска министерот за внатрешни работи на Туркије, Сулејман Сојлу.

Во вчерашната експлозија на улицата Истиклал во Истанбул загинаа шест лица, а 81 се повредени. Педесет повредени се пуштени од болница, додека петмина се на одделенија за интензивна нега.