Српското Министерство за надворешни работи соопшти дека во денешната експлозија на улицата Истиклал во Истанбул, Турција, е ранет српски државјанин.
– Станува збор Драгана Ристиќ од Ниш, таа е надвор од животна опасност и вечерва е во болница каде ќе биде оперирана, бидејќи шрапнел ја погодил во рамото – се наведува во соопштението на Министерството и се додава: -Инаку, се уште нема официјална информација, ова се информации од нашите туристи кои беа на лице место и го контактираа нашиот генерален конзулат кој ќе им пружи помош на сите наши граѓани. Тие изјавија дека генералниот конзул Ивана Пејовиќ е во постојан контакт со ранетиот српски државјанин. Најавено е дека јавноста ќе биде информирана за сите нови детали и развојот на ситуацијата.









