Вучиќ испрати телеграма со сочувство до Ердоган: Ја споделуваме тагата со турскиот народ

by Administrator

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, упати телеграма со сочувство до претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во врска со експлозијата во Истанбул.

-Почитуван претседателе, драг пријателе, со вознемирување ја примив веста за експлозијата во која загинаа невини граѓани, а голем број од нив беа повредени. И додека со неверување гледаме во страшните слики што ги потресоа не само жителите на мирниот и гостопримлив Истанбул, туку и целиот свет, ја споделуваме нашата тага со вашиот народ, кој беше соочен со сцените од оваа трагедија.

Убеден сум дека ова злосторство брзо ќе се открие и дека вашата земја од оваа несреќа ќе излезе уште посилна и пообединета. Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам длабоко сочувство до семејствата на починатите, до вас лично и до Владата на Република Турција, додека на повредените им посакуваме брзо и успешно закрепнување – изјавија во телеграмата на Вучиќ.

Силна експлозија одекна попладнево во прометната улица Истиклал во Истанбул, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сите одговорни за тој гнасен напад ќе бидат пронајдени и кривично гонети. Ердоган рече дека најмалку шест лица загинале во експлозијата, од кои четири на местото на експлозијата, а уште две жртви починале во болница. Повредени се уште најмалку 53 лица, а Ердоган рече дека е рано да се каже со сигурност, но дека врз основа на првите информации од терен, разумно е да се сомнева дека се работи за терористички чин.

You may also like