Десетици повредени Палестинци секоја недела се упатуваат кон базенот во болницата „Prince Hamad“, за да учествуваат во терапија со вода. Пациентите, повредени како резултат на се, од сообраќајни несреќи до војни, учествуваат во хидротерапија во обид да ја подобрат својата подвижност и да ги зајакнат своите мускули.
„Имавме обучени специјалисти од странство кои го научија медицинскиот персонал овде како да обезбеди хидротерапија бидејќи тоа го забрзува одговорот во третманот од страна на пациентот“, рече раководител на одделот за физиотерапија во болницата, Мухаммед Муртаџи.
Хидротерапијата го ублажува стресот на зглобовите со намалување на силите на компресија на зглобовите и помага да се намали отокот околу повредената област. Топлата вода овозможува и зголемено движење, поттикнува релаксација на мускулите и ја ублажува болката.
„Присуството на вода ми помага да го олеснам движењето на повредените и им помага да стекнат доверба во нивната способност и сила“, рече Муртаџи.







„Dubai-Portal“
