Во терористичкиот напад кој денес се случи во Истанбул денеска  на познатата улица Истиклал, загинаа шест лица, а 53 се повредени.

Веднаш по нападот  со изјава излезе и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Шокантни слики од Истанбул. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите и турскиот народ. НАТО се солидаризира со својот сојузник Турција – напиша Столтенберг на Твитер.

(Vijesti.ba)