Рускиот воен експерт, Јуриј Кнутов во интервју за „Kanal Pet“ изјави дека западните земји развиваат технологии за користење климатско оружје за да ја уништат економијата на непријателските земји со вештачки предизвикани цунами и торнада.

„Тоа е оружје за масовно уништување, кое ја користи климата за да создаде одредени предности на бојното поле, или да предизвика економска штета на друга земја“, објасни експертот.

Тој потсети дека Американците првпат употребија климатско оружје во Виетнам – „Тие го расфрлаа сребрен јодид во дождовните облаци, што доведе до обилни врнежи од дожд“. Врнежите ја однесоа патеката Хо Ши Мин, по која северно виетнамската војска добиваше оружје и храна“.

Сега и Британија презема активни чекори во оваа област. Аналитичарот истакна дека се уште е рано да се зборува за глобална примена, но тоа секако ќе предизвика промена на климатските услови на целата планета.