Турција формира енергетска база во Црното Море, најави претседателот Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека се надеваат дека гасот ќе биде достапен за употреба следната година.
Неговите коментари дојдоа за време на церемонијата на пуштање во употреба на гасоводот за неколку области во провинцијата Кастамону, на кои тој се приклучи преку Интернет. Осврнувајќи се на природниот гас во Црното Море, Ердоган рече дека се ископани девет од десет бунари, што е прва фаза во гасното поле Сакарија.
– Ги забрзавме работите што ќе го поврзат природниот гас од Црното Море со системот на нашата земја. Со вклучување на домашниот гас во процесот, Турција станува земја во која се формира референтната цена во регионот – изјави Ердоган.
(Vijesti.ba)










