Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Узбекистан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган и Орбан престојуваат во југоисточниот град Самарканд по повод 9. Самит на лидерите на Организацијата на туркиски држави.

Средбата беше затворена за новинари.

На средбата присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и министерот за трговија, Мехмет Муш, како и заменик-претседателот и портпарол на турската владејачка Партија за правда и развој (AK Parti), Омер Челик.