Функционерката на Министерството за надворешни работи на Алжир, Лејла Заруки, соопшти дека Алжир поднел официјална апликација за приклучување кон БРИКС.

Претседателот на Алжир Абделмаџид Тебун додаде дека со овој потег Алжир ќе остане на патот на неврзаната политика. „Континуираната маргинализација на земјите во развој, во рамките на различните институции на глобалното владеење, е сигурен извор на нестабилност и нееднаквост на развојот. Алжир е посветен на изградба на нов меѓународен поредок кој ја вклучува нашата колективна безбедност заснована на стабилноста и просперитетот на секој од нас“, рече Тебун.

Алжир е трет најголем извозник на гас во Европската унија.