За неколку недели лекарите во Флорида нема да можат да вршат промена на полот на деца помлади од 18 години поради одлуката на Медицинскиот одбор на таа американска држава, објавија денеска локалните медиуми.
Мерката ќе ги спречи лекарите во Флорида да препишуваат лекови и да вршат операција за промена на полот на малолетници. На лекарите ќе им биде забрането на овие млади луѓе да им препишуваат блокатори на пубертетот, кои се користат за време на промената на полот, а беа туркани од левичарските организации заедно со фармакомафијата. Медицинскиот одбор на Флорида со месеци ги критикуваше третманите за промена на полот што им се даваат на адолесцентите.
Меѓутоа, во САД, неколку организации, како што е Американската академија за педијатрија, ги бранеа терапите за промена на полот.
Флорида под водство на гувернерот Рон ДеСантис остана бастион на слободата за време и по времето на корона хистеријата и вакцинската тиранија и со овој потег го потврди своето движење кон традиционалистичка насока која изумира низ целиот свет.










