Мунир двапати бил затворен во Египет во педесеттите и шеесетите години на минатиот век, а живеел во егзил повеќе од 40 години.
Муслиманското братство победи на првите слободни претседателски избори во Египет во 2012 година, но беше соборено од војската една година подоцна по масовните протести. Многу од лидерите на исламското движење и илјадници негови поддржувачи остануваат во притвор или побегнале од Египет, а групата е исклучена од политичкиот дијалог што наскоро го воспостави претседателот Абдел Фатах ал-Сиси, кој како началник на армијата го собори Муслиманското братство во 2013 година. потсети Ројтерс.
(TBT, агенции)







