Тврдокорниот ирански претседател Ебрахим Раиси денес изјави дека Иран бил ослободен со Исламската револуција во 1979 година, одговарајќи на ветувањето на американскиот претседател Џо Бајден дека ќе го „ослободи Иран“, пренесува Ројтерс.
– Му кажувам на Бајден дека Иран е ослободен пред 43 години – рече претседателот Ебрахим Раиси во телевизиски говор во живо. Во четвртокот Бајден вети дека ќе го „ослободи“ Иран и рече дека демонстрантите „против владата на оваа земја наскоро ќе можат да го ослободат“.










