Поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан денеска беше застрелан во ногата, во напад што неговите приврзаници го окарактеризираа како обид за атентат, објави Скај њуз.

Вооружениот напаѓач отворил оган, пренесува Sky News, додека Кан (70) држел говор пред приврзаниците на собир во Вазирабад, провинцијата Пенџаб. Освен Кан, ранети се и неколку негови приврзаници.

 

Наводниот напаѓач во изјава за медиумите рекол: „Сакав да го убијам само Имран Кан“.

Очевидци велат дека напаѓачот бил вооружен со калашников, а локалните медиуми наведуваат дека се ранети и Фајсал Џавед Кан и поранешниот гувернер Имран Исмаил.

Поранешниот играч на крикет – кој водеше кампања за нови избори откако беше соборен од власта во април – одржа жестоки говори на митинзи низ целата земја. Во изминатите шест дена, Кан маршираше од Лахоре до Исламабад во обид да донесе предвремени избори во земјата, повикувајќи на радикални промени.

Кан бил итно пренесен во болница, а неговите приврзаници рекле дека го преживеал обидот за атентат.