Посетителите на забавниот парк Дизни во Шангај беа заробени во комплексот по втор пат за една година, откако властите и менаџерите на одморалиштата најавија ненадејно затворање поради коронавирусот, пренесува Sky News.
Наводно, моментално во комплексот Дизни има околу 60.000 луѓе. Според „Гардијан“, на интернет се појавија снимки на кои се гледа како луѓето брзаат кон главниот излез од забавниот парк со надеж дека ќе избегаат од карантин. На WeChat, владата на Шангај рече дека на сите луѓе им е забрането да влегуваат или да го напуштаат паркот, а оние што се уште се внатре мора да бидат тестирани и да имаат негативен тест пред да бидат пуштени да излезат.
Секој што го посетил паркот од 27 октомври треба да се тестира за вирусот три пати во три дена, велат властите. На едно видео објавено на социјалните мрежи се гледа како вработен им кажува на приведените гости дека продавниците и возењето во паркот сè уште се отворени. Тој им рекол на посетителите дека ќе ги извести доколку има некоја вест додека неговиот колега го заклучува главниот влез на комплексот.
Во ноември минатата година, истиот парк на Дизни беше затворен затоа што властите наредија сите посетители да бидат тестирани за Ковид. Во тоа време, околу 30.000 луѓе останаа затворени во паркот. (Vijesti.ba / ФЕНА)
