Како наведува саудискиот весник „Ал Јум“, ова се податоците што ги објави Институтот за статистика на Саудиска Арабија за случаите на развод за 2022 година.
Според податоците на Институтот, стапката на разводи во 2020 година е зголемена за 12,7 отсто во однос на претходната година, а евидентирани се вкупно 57.595 случаи на развод. Од почетокот на оваа година во просек дневно се евидентираат по 168 разводи, а главната причина за алармантно зголемување се платформите на социјалните мрежи.
Саудискиот адвокат Дахил Ал Дахил изјави дека најважните причини за зголемувањето на бројот на разводи во Саудиска Арабија во последните години се растот на цените предизвикани од пандемијата COVID-19, економската криза и проблемите поврзани со зависноста од социјалните мрежи. Ал Дахил истакна дека бројот на разводи е значително зголемен во изминатите десет години. Во 2010 година во земјава се евидентирани 9.233 разводи, а следната година околу 34.000. Ал Дахил забележува дека случаите на развод продолжиле да растат во следните години, достигнувајќи 57.000 случаи во 2020 година.
Како што рече, податоците за оваа година покажуваат дека во Саудиска Арабија во просек секој час има по седум разводи. Тој истакна и дека има значителен пад на стапката на склучување бракови во земјава, а главни причини за тоа се необразованието, високите трошоци за мираз и трошоците за брак. Миразот е имот што жената го носи во брак како свој придонес во семејството.
(ТБТ)










