Кристофер Ахонен Апелквист, продуцент и водител на програмата на шведската државна телевизија „СВТ“, даде отказ откако во неговата емисија беа упатени навреди кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Апелквист во изјава за „СВТ“ рече дека ја напуштил емисијата и телевизијата и дека сега ќе се посвети на семејството и децата.

Апелквист ја водеше хумористичната информативна програма „Сатир“ на шведската државна телевизија „СВТ“.

Во неговата емисија на 30 септември беа употребени зборови и фотографии кои содржеа тешки навреди на сметка на турскиот претседател.

Кадир Мерал, поддржувач на терористичката организација ПКК/ЈПГ, кој учествуваше во програмата, исто така го навредуваше Ердоган на курдски јазик.