Делегација предводена од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска по повод 29 Октомври, Денот на Републиката и 99-годишнината од прогласувањето на Републиката, го посети Аниткабир, мавзолејот на основачот на модерна Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк, јавува Агенција Анадолија (АА).

Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат, споменик и надвор

„Одлучно ја продолжуваме нашата борба за векот во кој се наоѓаме да биде век на Туркије и да ги исполниме соништата на нашата нација, без оглед на пречките што се наоѓаат пред нас“, рече Ердоган во таа прилика.

На церемонијата присуствуваа и претседателот на Големото народно собрание на Туркије, Мустафа Шентоп, потпретседателот на Туркије, Фуат Октај, претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу, претседателот на Партијата за национално движење (МХП), Девлет Бахчели, челниците на највисоките правосудни органи, началникот на Генералштабот, генерал Јашар Ѓулер, и командантите на Вооружените сили на Туркије.

Можно е да е слика од 10 луѓе и луѓе што стојат

По тој повод интонирана е националната химна на Република Туркије и положено е цвеќе. Турскиот претседател Ердоган потоа остави порака во Книгата на впечатоци во која наведе дека работат напорно за остварување на соништата на турскиот народ.

„Денес ја одбележуваме 99-годишнината од нашата Република, која ја воспоставивме по тешка и епска борба. Работиме со полна сила за нашата Република, која ни е доверена, да живее вечно. Особено сме горди што на овој историски ден го отвораме и производствениот погон на ТОГГ, првиот домашен електричен автомобил во нашата земја“, рече турскиот претседател.

Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и споменик

Можно е да е слика од 7 луѓе и луѓе што стојат

Националниот празник Денот на Републиката во Туркије се одбележува на 29 октомври во знак на сеќавање на прогласувањето на Република Туркије во 1923 година. Републиката ја прогласи војсководецот Мустафа Кемал Ататурк, кој потоа Големото народно собрание на земјата го избра за прв претседател на модерна Туркије.

Еден од најголемите национални празници се обележува со низа пригодни настани во земјата, вклучително и со положувањето венци во Аниткабир, мавзолејот на Ататурк.