Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на 99-годишнината од Денот на Републиката, го спушти од производната линија првиот турски електричен автомобил ТОГГ, јавува Агенција Анадолија (АА).

Можно е да е слика од 1 лице, стоење, автомобил, надвор и текст кој вели „Yaşasın Cumhuriyet 29 Ekim 2022 Togg A“

Можно е да е слика од 3 луѓе, автомобил и пат

Ердоган претходно го посети комплексот Гемлик, во турската област Бурса, каде што се одржа церемонијата на отворање на комплексот за сериско производство на турскиот електричен автомобил ТОГГ.

Турскиот претседател и неговата сопруга се фотографираа со инженерите и работниците во фабриката, а потоа го тестираа возилото ТОГГ.

Можно е да е слика од 9 луѓе, луѓе што стојат и текст кој вели „Yaşasın Cumhuriye+ 29 Ekim 2022“

Во комплексот Гемлик, во областа Бурса, Туркије, се одржа свечено отворање на комплексот за сериско производство на турскиот електричен автомобил ТОГГ.

Можно е да е слика од 13 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Свечената церемонија се одржа на националниот празник Денот на Републиката, кој Туркије го одбележува на 29 октомври. Оваа година Републиката го слави својот 99-ти роденден.