Бројот на загинати достигна најмалку 120 во инцидентот по повод Ноќта на вештерките во областа Итаевон во Сеул во саботата вечерта, според началникот на пожарникарската служба Јонгсан.

– Во инцидентот се повредени уште најмалку 100 – додаде началникот.

Причината за смртта сè уште не е објавена, но новинската агенција Јонхап објави дека десетици луѓе претрпеле „срцев удар“ како резултат на инцидентот. Постои и шанса да се зголеми бројот на жртви бидејќи голем број луѓе се пренесени во болниците во јужнокорејската метропола. Меѓу префрлените во блиските болници има и странци.

Според извештајот на агенцијата Јонхап, повредените биле „прегазени“ од голема толпа луѓе кои се упатувале по тесна улица за време на прославата на Ноќта на вештерките во Сеул. „Кореа хералд“ пишува дека меѓу повредените и убиените има голем број жени на возраст од 20 години.