Илјадници Унгарци, вклучително и наставници и студенти, маршираа низ Будимпешта во неделата во знак на протест против владата на премиерот Виктор Орбан, … … барајќи повисоки плати за наставниците и ограничување на зголемената инфлација која ги ослабува приходите, пишува Ројтерс.
Демонстрантите, одејќи по мостот на Дунав, носеа транспаренти со натписи: „Орбан, изгуби се!“ и „Нема учител, нема иднина“ неколку часа откако Орбан вети дека ќе ја зачува економската стабилност и ќе ја задржи границата на цените на енергијата во домаќинствата додека Европската унија запаѓа во „економска криза“.
Тоа беше последниот во серијата антивладини протести, во кои учесниците рекоа дека владата на Орбан ги оставила наставниците на цедило давајќи им скудни плати, додека инфлацијата, која надмина 20 отсто во септември и продолжува да расте, станува неодржлива. „Тука сум…за доброто на моите деца, потребна е промена. Оваа незапирлива инфлација… повеќе не можеме да штедиме, едноставно не можеме да врземе крај со крај додека растат цените“, рече поштарот Ѓонѓи Берецки, кој првпат учествува на протестот.









