Во Борнова, Измир, граѓанин кој извршувал попладневен намаз во џамија, починал од срцев удар.

Според турските медиуми, на Хајдар Чобан му се слошило додека се молел и паднал на земја. Го пронашле како лежи во џамијата други граѓани кои дошле да се молат што веднаш се јавиле на 112.

Екипата на Итната медицинска помош по извршен преглед утврдила дека Хајдан Чобан починал како последица на срцев удар.