Фон дер Лајен: ЕУ планира да и помогне на Украина со 1,5 милијарди евра месечно

by Administrator

Европската унија од следната година ќе и помага на Украина со една и пол милијарда евра месечно, изјави денес претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. – Тоа се вкупно околу 18 милијарди евра стабилен и сигурен приход – додаде Фон дер Лајен по завршувањето на самитот на лидерите на ЕУ. На вториот ден од самитот на шефови на држави или влади на ЕУ, главна тема беше помошта за Украина и дискусијата за односите со Кина.

На Украина следната година ќе и требаат меѓу три и четири милијарди евра месечно, кои ќе бидат финансирани од ЕУ, Соединетите Американски Држави и финансиските институции, додаде претседателот на Комисијата. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека Европската унија треба да размисли за користење на замрзнати руски средства за обнова на Украина.

You may also like