Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) потпишаа договор за соработка со Светската здравствена организација (СЗО) со цел да се обезбеди финансиска помош за болницата „Макасид“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати беше наведено дека во рамките на договорот за соработка потпишан со СЗО и специјалниот координатор на мировниот процес на Обединетите нации за Блискиот Исток, на болницата „Макасид“ ќе ѝ бидат исплатени 25 милиони долари.

Заменик-министерот за надворешни работи Султан Мухамед ал Шамиси изјави дека договорот е потпишан за поддршка на палестинскиот народ, особено во здравствениот сектор.