Илјадници луѓе излегоа на улиците на Париз, главниот град на Франција, во знак на протест поради трошоците за живот во земјата и нечувствителноста во борбата против климатските промени. Социјалната и еколошката нова народна унија (Nupes), која ги претставува Зелените и левицата, исто така, го поддржа протестот, кој беше организиран на покана на Жан-Лук Меланшон, лидер на екстремно левичарската партија „Франција неосвоена“ (LFI).

Се очекува демонстрантите да се движат во правец на плоштадот Бастилја. На протестите учествуваа и луѓе од различни градови како Лил, Марсеј и Руан. Демонстрантите бараат повисоки плати, поактивна политика во борбата против климатските промени и напуштање на контроверзната пензиска реформа, едно од главните ветувања на францускиот претседател Емануел Макрон во кампањата за претседателските избори.

(Vijesti.ba)