Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во Србија, на околу 12 километри југозападно од Ваљево кај браната Ровни, едно лице загина, а 16 патници се повредени.

Во моментот на несреќата во минибусот, кој превезувал главно пензионери од областа Осечина, кои оделе на патување во регионот на Ваљево, имало вкупно 17 патници и возачот. Минибусот од засега неутврдени причини прво ја пробил заштитната ограда, а потоа удрил во пропаст длабока околу 50 метри. Според првичните информации, постои сомневање дека до превртувањето на минибусот дошло кога возачот излегол од возилото без да ја отпушти рачната сопирачка, поради што автобусот се вратил наназад на удолницата, а потоа се превртел.

 

Сепак, како што дознаваме, последователните наоди од истрагата утврдиле дека рачната сопирачка во минибусот е се уште подигната, па ќе се спроведе дополнителна истрага зошто возилото тргнало наназад и паднало во провалија длабока околу 50 метри, според Блиц. Возачот ќе биде задржан на распит, а на минибусот ќе му биде извршен вонреден технички преглед. На споменатата делница нормално нема сообраќај, туку се работи за пат кој води до влезот во комплексот брана и хидроакумулационото езеро. Како што неофицијално се претпоставува, возачот најверојатно отишол на тоа место да праша како да стигне до манастирот Лелиќ.