Во Уганда од денеска е во сила полициски час поради најновите случаи на ебола. Новите мерки на владата на оваа африканска земја ќе се однесуваат на ноќен полициски час, затворање на богослужбени места, како и места за забава и ограничено движење во две области 21 ден.

Целта на овие мерки е да се потисне ширењето на болеста во областите Мубенде и Касанда во централниот дел на Уганда, епицентарот на епидемијата.

Воведовме привремени мерки за контрола на ширењето на вирусот ебола.

Сите ние треба да соработуваме со властите за што побрзо да се запре оваа епидемија – рече Мусевени во телевизиското обраќање до нацијата.