Речиси два милиони ноќевања се регистрирани во Белград од почетокот на годинава, што е за 54 отсто повеќе во однос на истиот период лани, соопшти денеска Туристичката организација на Белград.

Како што се наведува, регистрирани се 1.962.912 ноќевања, а до крајот на август во Белград се регистрирани вкупно 719.447 туристи, од кои 594.734 странски гости. Најбројни туристи имало од Русија (46.990), Турција (46.232), Германија (39.465), Босна и Херцеговина (35.714) и Хрватска (28.100).

Процентуално најмногу бележи доаѓањето на туристи од Грција и тоа за 364 отсто, пишува АА.