Туркије денес прими пораки со сочувство од целиот свет по повод експлозијата во рудникот за јаглен во Бартин во која загинаа 40 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Рускиот претседател Владимир Путин упати порака со сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за загубените животи во експлозијата во рудникот во северната област Бартин.

Во писмената изјава од Кремљ, Путин истакнува: „Ве молиме прифатете го нашето најдлабоко сочувство во врска со трагичните последици од несреќата што се случи во рударската јама во Бартин.“

Путин им го пренесе своето жалење и поддршка на семејствата и роднините на повредените, посакувајќи им брзо закрепнување.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски упати порака со сочувство за загинатите од експлозијата.

„Со длабока тага ја дознав веста за рударската експлозија во Амасра во Бартин. Им изразувам сочувство на семејствата и роднините на оние кои ги загубија животите, а на повредените им посакувам брзо оздравување“, напиша Зеленски на Твитер на турски јазик.

И азербејџанскиот претседател Илхам Алиев упати порака со сочувство до Ердоган за експлозијата во рудникот.

Алиев го пренесе своето сочувство до семејствата и роднините на загинатите, и им посака побрзо оздравување на повредените.

Пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф упати порака со сочувство: „Нашите мисли и молитви се со ожалостените семејства и со турскиот народ. Посакувам блокираните да бидат спасени што е можно поскоро“, додаде Шариф.

Ердоган на Твитер рече дека напорите започнати веднаш по експлозијата во Бартин сè уште се во тек со учество на голем број корпорации и министрите кои се на терен.

„Семејствата и синовите на нашите браќа и сестри рудари што ги загубивме ни се доверени нам“, рече Ердоган и додаде: „Иако не можеме да ја надоместиме загубата на животи, не можеме да ги вратиме нашите починати браќа и сестри, ние нема да дозволиме ниту најмала виктимизација и ќе се грижиме за сите овие семејства.“

Тој нагласи дека турските правосудни органи ќе го истражат инцидентот од сите аспекти и „нема да ја остават ниту најмалата небрежност“.