Од централната џамија на Турско-исламскиот сојуз (ДИТИБ) во Келн денеска првпат муезин преку разглас ги повика верниците на молитва.
Повикот од џамијата траел нешто помалку од пет минути и се слушал само во непосредна близина на џамијата.
Повод за демонстрациите беше одобрението на градските власти џамијата да може да ги повикува верниците на молитва преку разглас. Неколку граѓани се собраа пред џамијата со транспаренти и извикувајќи слогани против повикот за молитва на муезинот, како и против угнетувањето на жените во Иран. На транспарентите можеше да се прочита „Без повик на муезинот во Келн“, како и „Јавниот простор мора да остане неутрален“, пренесува Танјуг.
Повикот за молитва од разгласот на џамијата го овозможи градоначалничката на Келн, Хенриет Рекер.

Ова непартиска политичарка смета дека врз основа на законот за слобода на вероисповед не може да се брани повикот до муслиманите да се молат. Заменик-претседателот на „Дитиб“ Абдурахман Атасој изјави дека исламските верници се многу задоволни од договорот направен со градот Келн.
„Јавниот повик за молитва е знак дека муслиманите се дел од Келн“, рече тој. Директорката на Франкфуртскиот центар „Глобален ислам“ Сузан Шретер стравува дека одлуката на властите во Келн може да се сфати како победа на поддржувачите на исламот, особено на турскиот претседател.
Имено, Дитиб подлежи на турските верски власти, а централната џамија во Келн беше отворена во 2018 година од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.










