Министрите за надворешни работи на Русија, Азербејџан и Ерменија одржаа трилатерални разговори на маргините на Самитот на шефови на држави на Комонвелтот на независни држави (CIS) во главниот казахстански град Астана, јавува Агенција Анадолија (АА).

На средбата меѓу Сергеј Лавров, Џејхун Бајрамов и Арарат Мирзојан станa збор за актуелната ситуација во регионот Карабах во Азербејџан и за спроведувањето на договорите потпишани по примирјето меѓу Баку и Ереван со посредство на Русија.

Регионот Карабах беше ослободен од речиси тридецениската ерменска окупација за време на новите 44-дневни судири во есента 2020 година, кои завршија по прекинот на огнот со посредство на Москва. Мировниот договор во Азербејџан се слави како триумф.

Самитот започна утринава под покровителство на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев.