Американскиот сателитски оператор Планет Лабс забележа „зголемено присуство“ на руски стратешки бомбардери ТУ-160 и ТУ-95 на околу 30 километри од границата со Норвешка. Сателитска снимка направена на 7 октомври покажува седум стратешки бомбардери Ту-160 и четири авиони Ту-95 во руската воздухопловна база Олења на полуостровот Колски.

Фотографиите ги објави норвешкиот портал задолжен за проверка на точноста на информациите Faktisk.no, а сателитските фотографии ги добиле од американскиот оператор. Авионите Ту-160, најголемите и најтешките борбени авиони можат да летаат со брзина од 2 мах, се способни да прелетаат 12.000 километри без полнење гориво и можат да носат до 12 нуклеарни проектили со краток дострел.

Стратешките бомбардери Ту-95, познати како Мечки, се меѓу најголемите авиони во руските воздухопловни сили и се способни да носат крстосувачки ракети и поголеми нуклеарни бомби. Распоредувањето на стратешките бомбардери следи по друг извештај од пред две недели, кога Jerusalem Post откри дека во воздухопловната база имало „невообичаено распоредување“ на седум бомбардери на нуклеарен погон.

Ова на медиумите им го пренесе израелската разузнавачка компанија ImageSat International, која го откри „невообичаеното присуство“ на ТУ-160 и ТУ-95. Овие авиони обично се стационирани во воздухопловната база Енгелс, 720 километри југоисточно од Москва.

НАТО вчера одржа состанок зад затворени врати на кој алијансата разговараше за плановите за нуклеарна вежба.

Извор:geopolitikanews