Израелските окупаторски сили убиле 12-годишно палестинско момче

by Administrator

Малолетен Палестинец им подлегнал на повредите со се здобил при пукањето на израелската војска во местото Џенин на Западниот Брег, соопшти во понеделник Министерството за здравство.

Калил Самуди (12) се вели дека бил застрелан за време на рацијата на израелските сили во Џенин во саботата, но починал од раните во понеделникот. Во нападот се повредени 11 Палестинци, а тројца се во тешка здравствена состојба. Според палестинските податоци, најмалку 115 Палестинци се убиени на Западниот Брег оваа година.

 

You may also like