Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека Бошњаците во сите државни органи, почнувајќи од Владата, ќе имаат „значително“ повеќе претставници отколку што би имале пропорционално на бројот на жители. На отворањето на патот Нови Пазар – Тутин, Вучиќ изјави дека е сигурен оти во новиот кабинет ќе има „најмногу Бошњаци“ во историјата на Србија.

За време на свеченото отворање, се случи интересен момент кога српскиот претседател реши да цитира стих од најголемата сура во Куранот, Ел-Бакарe.

„О верници, живејте во мир сите и не одете по стапките на шејтанот, тој е навистина ваш отворен непријател“, цитираше Вучиќ. На крајот тој рече дека „сакаме да видите дека Бошњаците ги гледаме како сестри и браќа, а не како некое туѓо тело“. „Сакаме да знаете дека имате браќа и пријатели во Србите. Не ни пречи ако го сакате Сараево, но среќен сум што гледам дека се повеќе Бошњаци доаѓаат во Белград бидејќи Белград е вашиот главен град и секогаш сте добредојдени“, рече српскиот претседател.