Во новиот сериозен напад на Киев беше погоден и визниот оддел на германскиот конзулат во главниот град на Украина.

Поранешниот шеф на фондацијата Бел во Киев, Сергеј Сумлени, на Твитер објави фотографии од последиците од ракетниот напад врз зградата и напиша порака до германскиот канцелар Олаф Шолц и министерката за надворешни работи Аналена Бербок. – Зградата во која се наоѓаше визната канцеларија на германската амбасада во Киев денеска е погодена.

Дали има некоја реакција од Олаф Шолц или Бербок? Дали сакате да испратите пар тенкови Леопард за да ја проверите ситуацијата на лице место? – напишал тој, пренесува весникот „Билд“.