Главниот град на Украина, Киев, бил нападнат денеска изутрината со неколку експлозии што го потресоа градот, при што службите за итни случаи соопштија дека голем број луѓе загинале и биле ранети.

Извештаи за експлозии пристигнаа и од други украински градови Днипро, Лавов и Тернопил, јавуваат украинските медиуми. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм изјави дека експлозиите го погодиле центарот на главниот град на Украина.

„Неколку експлозии во областа Шевченски — во центарот на главниот град“, рече Кличко на апликацијата за пораки Телеграм.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека има загинати и ранети и ја обвини Русија дека се обидува да ја избрише неговата земја „од лицето на земјата“. Претседателот Володимир Зеленски рече дека Русија ги темпираше своите напади врз Украина за да нанесе најголеми можни загуби меѓу луѓето и дека исто така ја таргетирала енергетската инфраструктура на земјата.

„Тие сакаат паника и хаос, сакаат да го уништат нашиот енергетски систем“, рече Зеленски во видео-објавата пред неговата претседателска канцеларија.

„Втората цел се луѓето. Таквото време и таквите цели беа специјално избрани за да предизвикаат што поголема штета“, рече тој.

Повеќе на РСЕ