Во неколку европски метрополи континуирано се протестира против владите и политиките што ги водат. Берлин: „Сакам руски гас и нафта“  Пред Бундестагот се одржа митинг против поскапувањето. Учесниците бараа укинување на антируските санкции и пристап до енергетските ресурси. На еден од плакатите пишува: „Сакам руски гас и нафта“.

 

Австрија за укинување на санкциите против Русија

Демонстрантите кои се собраа на митинг во центарот на Виена бараат пониски цени, укинување на санкциите против Русија и пријателство со Москва.

Чешка протестира поради наглиот пад на стандардот

Илјадници членови на различни синдикати од целата земја се собраа денеска на плоштадот Вацлав во центарот на Прага за да протестираат против владата, која, според нив, дава слаба поддршка на населението поради наглиот пад на животниот стандард.