Откриен сопственикот на камионот кој експлодира на мостот на Крим, за медиумите е откриено дека е жител на Краснодарската област, изјавата ја даде Истражниот комитет на Русија.

Сега се истражува трасата на камионот, а покрената е истрага и за неговото место на живеење, соопштија од истражниот комитет.

Во експлозијата на Кримскиот мост загинаа три лица. Претходно Националниот комитет за борба против тероризмот објави дека на мостот експлодирал камион и дека седум вагони со цистерни се запалиле како дел од воз кој минувал преку мостот. Објавено е како изгледа мостот на Крим по експлозијата.