Владимир Путин денеска го слави својот 70-ти роденден и ќе го помине напорно. За денеска се договорени неколку состаноци и меѓународни видео повици, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Кога станува збор за подароци, Путин најчесто добива книги, пренесува Iz.ru. За еден роденден ја добиl книгата „100 вицови за Путин“. Тогаш рече дека го цени добриот хумор и дека ќе прочита сè.
Во 2009 година Путин доби и цела збирка книги: рускиот претседател го прослави својот 57 роденден во кругот на писатели и публицисти, а во 2012 година од Дмитриј Медведев доби античко издание на Царското село од 1910 година. Во претседателската библиотека во Кремљ, каде што се чуваат подароците, денес има околу 13.000 книги, од кои повеќето му биле подарени на Путин, додека Медведев и Елцин добиле по некои мали. Еден од „позачинетите“ подароци што ги доби Путин, пишува Iz.ru, е еротскиот календар со фотографии во долна облека што ги направиле студентите по новинарство во Москва за Путин.
Вреди да се напомене дека Путин ретко успева да го прослави роденденот на начин кој е вообичаен за обичните луѓе, пишува овој портал, наведувајќи ретки примери на „вообичаени родендени“ на Путин.










