Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, смета дека „НАТО треба да ја спречи Русија да користи нуклеарно оружје“. Тој буквално изјави дека НАТО треба да ја нападне Русија со нуклеарно оружје. „
Потребни се превентивни напади за да знаат што ги чека доколку употребат нуклеарно оружје. Не обратно, чекајќи руски нуклеарни напади и потоа велејќи: „Ох, го направивте тоа, сега ќе видете“, изјави тој во четвртокот, зборувајќи преку видео врска во австралискиот тинк-тенк, Институтот Лови.
НАТО, како што рече Зеленски, „треба да преиспита како го користи својот притисок“. По изјавите на Зеленски, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, го нарече претседателот на Украина идиот по неговите зборови за превентивен напад врз Руската Федерација.
Соодветната изјава тој ја даде на својот канал на Телеграм.
„Психијатрите треба да му дадат на овој идиот превентивна краниотомија. Се додека не им направи уште повеќе неволји на својот народ и на сите останати“, рече рускиот политичар.









