Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска предупреди дека земјата наскоро би можела да престане да испорачува електрична енергија во Европа. Зеленски рече дека Украина ја снабдува Европа со евтина струја, но дека „во одреден момент“ ќе престане да го прави тоа за да ја преброди зимата, пренесе ТАС С. „Нема да имаме доволно (струја) за да ги загрееме нашите домови.

Постојано зборуваме за ризик од прекини на струја“, посочи тој. На 16 март Зеленски рече дека Украина ја завршила интеграцијата на својот енергетски систем со европскиот. На 29 април тој рече дека сака да ја замени украинската електрична енергија за природен гас.

Зеленски изјави дека Украина произведува големо количество електрична енергија, па Киев би можел да продава струја по ниски цени. Летово Зеленски предупреди дека Украина ќе мора да ја издржи најлошата зима во историјата на земјата и изјави дека планира да го запре извозот на гас и јаглен. Извршниот директор на Нафтогас Јуриј Витренко изјави дека температурата во становите ќе биде од 17 до 18 степени Целзиусови, што е четири степени под стандардот и ги советуваше луѓето да се складираат со ќебиња и топла облека.