Со декрет, белорускиот лидер Александар Лукашенко забрани зголемување на цените за сите производи и услуги во неговата земја. „Од 6 октомври секое поскапување е забрането. Забрането! Не од утре, туку од денес“, рече Лукашенко на денешната владина седница, пренесе државната новинска агенција Белта.

Целта на таа наредба е да се осигура дека никој не може да го искористи рокот за покачување на цените, рече претседателот на Белорусија (68). Оние кои ќе го прекршат декретот „ќе бидат веднаш уапсени и кривично гонети“, рече тој. Лукашенко не ја отфрли целосно можноста во иднина да бидат неопходни поскапувања во некои области, но само по исклучок и доколку тие бидат официјално одобрени.

Според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата во Белорусија во август изнесувала 17,9 отсто во однос на истиот месец лани. Особено, цените на храната се зголемија. Според предвидувањата на белоруските економски експерти, стапката на инфлација би можела да се искачи на 19 отсто до крајот на годината.

Инаку, мерката што ја донесе Лукашенко е предвидена во уставите на државите како економска мерка во вонредни околности и можна во секоја земја во светот, само владетелите ја „заобиколуваат“ затоа што само им користи на народот додека го намалува профитот. на тајкуните.