Израелските сили убиле двајца Палестинци и раниле трет во близина на окупираниот град Рамала на Западниот Брег, соопштија властите во понеделникот.
– Израелските војници истрелаа повеќе од 30 куршуми во автомобил за време на рација рано наутро во близина на бегалскиот камп Јалазоне – пренесе палестинската новинска агенција Вафа. Двајцата убиени мажи беа идентификувани како Базел Басбус (19 години) и Калед Анбар (22), двајцата жители на Јалазоне. Во престрелката е ранет Рафат Саламех, 19-годишник од градот Бир Цајт.
– Израелските војници ги одзедоа телата на двајцата мажи и го уапсија повредениот Палестинец – се наведува во извештајот. Палестинското Министерство за здравство потврди дека „двајца граѓани биле убиени откако (израелската) окупација отворила оган врз нив во близина на Јалазоне“.
Вафа пренесе соопштение од Министерството за надворешни работи кое го осудува „военото злосторство и злосторството против човештвото“ и рече дека израелската влада е „целосно и директно одговорна“ за убиствата.
faktor.ba








