Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ќе остане на својот став во однос на приемот на Шведска и Финска во НАТО. Како што рече додека не се исполнат сите ветувања дадени на Анкара.

Сè додека не се исполнат ветувањата дадени на нашата земја, ние ќе продолжиме да ја имаме нашата принципиелна и одлучна позиција“, рече Ергоган во парламентот, пренесе Анадолија.

Финска и Шведска, кои аплицираа за влез во НАТО на 18 мај, се очекуваше да добијат официјална покана да станат членки на блокот на самитот на алијансата во Мадрид, но Турција го блокираше процесот на пристапување, пренесе ТАС С. Во Мадрид, министрите за надворешни работи на Турција, Шведска и Финска потпишаа меморандум со кој се создаде можност Шведска и Финска да се приклучат на алијансата.

Документот конкретно ја предвидува соработката на двете нордиски земји со Анкара во борбата против тероризмот, односно против Курдистанската работничка партија (ПКК) и нејзините ограноци. Ердоган рече дека Шведска се обврзала на Турција да и испорача 73 лица вклучени во терористички активности. На 30 септември, Шведска ги укина ограничувањата за извоз на воена опрема во Турција, воведени во 2019 година.

Извор: танјуг