Жителите на Австрија бараат официјална Виена да се откаже од антируските санкции, пишува австриски Екпрес. Австријците изгубија секакво трпение и бараат нивната влада да престане да ја поддржува Украина. Освен тоа, жителите на земјата ги сметаат санкциите против Русија за бесмислени, се наведува во текстот.
Четириесет илјади Австријци се револтирани од огромните финансиски донации за Киев, снабдувањето со гориво за вооружените сили на Украина и учеството на земјата во финансирањето на скапото снабдување со оружје за Украина – се вели во писмото на граѓаните до австрискиот канцелар Карл Нехамер. Австријците наведуваат дека се свесни дека не се во позиција да влијаат на акциите на земјите од НАТО, но наведуваат дека можат да дејствуваат самостојно и во интерес на својата татковина.
По ужасите на последната светска војна, генерацијата на нашите татковци, мајки и баби и дедовци се обврзаа на постојана неутралност од многу добри причини. Неутралноста стана дел од ДНК на нашата нација од добри и разумни причини, се наведува во писмото. Во текстот на писмото се наведува и дека Австрија нема место во НАТО пактот, дека австриското население не сака членство во таа Алијанса и соодветно на тоа, нема причина Австрија да ги поддржи санкциите на НАТО против Русија.
Нулта точка/медиуми









