Американскиот претседател Џо Бајден ја предупреди Русија дека САД нема да бидат заплашени од Путин и неговите непромислени зборови и закани откако Русија анектираше четири украински региони.
„Лажната рутина што ја правеше покажувајќи единство и знаете, како луѓе кои се држат за рака. Па, САД никогаш нема да го признаат тоа, а искрено, нема да го признае ниту светот. Ќе продолжиме да доставуваме воена опрема. За да може Украина да се брани себеси и својата територија и својата слобода, вклучително и дополнителните ресурси што Конгресот ќе ги обезбеди денес од дополнителни 13 милијарди долари за да им помогне на Украинците да се одбранат и да возвратат, а ние сме целосно подготвени да се браниме“, изјавил Бајден во Белата куќа..
Потоа директно му се обратил на рускиот претседател, вперувајќи со прстот во камерата, наведува Би-Би-Си.
„Америка е целосно подготвена, со нашите НАТО сојузници, да ја брани секоја педа од територијата на НАТО“, рече тој, мислејќи на западниот безбедносен блок. „Господине Путин, не разбирајте погрешно што велам: секој сантиметар“, рече Бајден, по што најави нови санкции. Набргу потоа, највисокиот функционер за национална безбедност на г-дин Бајден рече дека иако постои шанса Москва да прибегне кон нуклеарно оружје, се чини дека нема непосредна закана.









