Во петокот, Никарагва ги прекина сите дипломатски односи со Холандија, се вели во соопштението објавено од владата. Ваквиот развој на настаните дојде неколку часа откако централноамериканската земја одби влез на новиот американски амбасадор.

Министерството за надворешни работи на Никарагва во соопштение пренесе дека земјата се соочила со „повторено мешање“ и „интервенционистички и неоколонијалистички“ став на Холандија и дека одлучила „веднаш да ги прекине дипломатските односи“.

Во него се наведува дека европската земја „ги навредувала и продолжува да ги навредува семејствата од Никарагва“. Тензиите меѓу земјите ескалираа откако холандската амбасадорка во Централна Америка, Кристин Пирен, ја информираше владата дека европската нација нема да ја финансира долго ветената болница. Претседателот Даниел Ортега ја критикуваше оваа вест и изјави: „Амбасадорот дојде да разговара со Никарагванците како Никарагва да е холандска колонија. „Оние кои доаѓаат да го навредат нашиот народ, нашата татковина, не треба повторно да се појават во Никарагва. И ние не сакаме односи со таа интервенционистичка влада“, додаде тој.

Претходно во петокот, потпретседателот на Никарагва, Росарио Муриљо, сопругата на Ортега, рече дека на американскиот пратеник Хуго Родригез нема да му биде дозволен влез во земјата. „Тоа нека им биде јасно на империјалистите“, рече таа. Владата соопшти дека го повлече одобрувањето за новиот амбасадор откако тој даде навредливи коментари на сослушувањето во Сенатот. Хуго ја нарече Никарагва „држава на парија“, нарекувајќи го владеењето на Ортега „диктатура“. Тој, исто така, рече дека ќе ги поддржи „сите економски и дипломатски средства за да се донесат промени во Никарагва“, вклучително и исклучување на земјата од Договорот за слободна трговија Доминиканска Република-Централна Америка.

Во средата, Никарагва ја прогласи амбасадорката на Европската унија, Бетина Мушајд, за „персона нон грата“ без да наведе причини. Истиот ден, Ортега ја означи и Католичката црква како „совршена диктатура“. Ортега ја обвини црквата дека ги поддржува протестите во 2018 година, кои започнаа против планираните кратења на социјалната помош на неговата влада, но се претворија во поширок протест против него. Никарагванскиот институт за телекомуникации (ТЕЛКОР) ја симна шпанската кабелска мрежа на Си-Ен-Ен, „CNN en espanol“, поради кршење на уставот на Никарагва, поточно нејзиниот прв член во кој се вели дека независноста, суверенитетот и националното самоопределување се неотуѓиви права на народот Никарагва и дека основата на нацијата. Реагирајќи на веста, потпретседателот Росарио Муриљо истакна дека должноста на регулаторот за телекомуникации е да обезбеди заштита, одбрана, зачувување на принципите и гаранциите утврдени со Уставот и други закони.