Демонстрантите кои го поддржуваат пучот во Буркина Фасо ја нападнаа француската амбасада во главниот град Уагадугу, по наводите дека соборениот лидер Пол-Анри Сандаого Дамиба се криел во француска воена база.
Демонстрантите ја запалија зградата додека извикуваа слогани. Амбасадата ги отфрли обвинувањата и подвлече дека не го криеле Дамиба и немаат никаква врска со ситуацијата во Буркина Фасо. Армијата во Буркина Фасо објави дека вчера ја зазеде администрацијата и објави дека претседателот Пол Анри Дамиба е разрешен, уставот е суспендиран, а владата и парламентот се распуштени.
Извор:iha.com.tr










